Breaking News

Њујорк тајмс: Покрај војната во Украина, САД се уште плаќаат на Русија милијарди долари за нуклеарно гориво 


Збогатениот ураниум што американските атомски централи го купуваат од Русија по цена од околу една милијарда долари годишно е единствениот значаен редовен прилив на пари од САД во Русија откако започна војната во Украина.


Овој прилив продолжува и покрај огромните напори на сојузниците да ги раскинат економските врски со Москва, пишува Њујорк тајмс.


Парите за збогатениот ураниум одат на сметка на подружници на Росатом, агенција што е блиско поврзана со рускиот воен апарат.

Весникот наведува дека САД во плановите да се ослободат од јаглеводородните горива зависат од нуклеарната енергија. Сепак, ниту една американска компанија во моментот не збогатува ураниум.


Половина од еколошки чистата електрична енергија што САД ја генерираат во своите нуклеарни централи се произведува со ова гориво снабдено од Русија, како и десет други земји во светот, каде половина од нивната нуклеарна енергија се произведува со руски збогатен ураниум.

– САД порано доминираа во оваа област.


Во бурата од геополитички промени по распадот на Советскиот Сојуз, САД и Русија склучија договор за промоција на руската мирнодопска нуклеарна програма, пишува весникот.

Русија со тоа стекна клиенти низ целиот свет, а САД одлучија да ги затворат постоечките капацитети.


Најголемиот таков капацитет во долината Апалачи работи само на одржување и од илјадници центрифуги, работат само 16, додава весникот.

Единствената постројка лоцирана во САД која снабдува збогатен ураниум е британско-холандски-германски конзорциум, кој снабдува сосема малку споредено со третина од вкупните потреби на САД што доаѓаат од Русија.

Фабриката за центрифуги во Охајо не работи и оттаму соопштија дека се потребни повеќе од десет години таа да може да снабдува такви количини збогатен ураним како Росатом, кој сега раководи со нуклеарната централа во Запорожје, окупирана претходно од руските сили во Украина.

– Не можеме да бидеме заложници од нациите кои не ги поседуваат нашите вредности, но токму тоа се случи, изјави Џо Манчин, сенатор од Западна Вирџинија, демократ, кој го води сенатскиот Комитет за енергија и е иницијатор на предлог-закон за обнова на американските капацатити за збогатување ураниум.

кб/паг/   Фото: Скриншот    .

Извор: МИА