СВЕТ

Во 2022 година планетата Земја загуби 4,1 милиони хектари тропска шума

Планетата Земја во 2022 година изгуби 4,1 милиони хектари недопрена тропска шума, што е еднакво на територијата на Холандија или Швајцарија, објави денеска Светскиот институт за ресурси (WRI). Според анализата на сателитски податоци собрани од платформата Global Forest Watch (GWF) на овој институт со седиште во Вашингтон, на секои пет …

Повеќе »

Нема конечни резултати од изборите во Црна Гора, разговорите за новата влада ќе почнат по нивното објавување

Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора соопшти дека не се исполнети законските услови за објавување на конечните резултати од парламентарните избори во таа земја. Претседателот на ДИК, Никола Мугоша, изјави дека одредени жалби се уште се без епилог, „поради што е невозможно да се соопштат резултатите“. Од Движењето Европа …

Повеќе »

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, …

Повеќе »

Анализа откри присуство на жива, пестициди, пластификатори во косите на француските сенатори

Жива, пестициди, пластификатори, па дури и ретки елементи – овој коктел може да се најде во косите на француските сенатори, јавија француските медиуми. Тоа се нагласува во резултати од анализата на косата на 26 француски сенатори. Во јули минатата година, тие истрижаа прамен од косата и го доставија на анализа …

Повеќе »

Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност. „Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали. Според Лукашенкo, граѓаните …

Повеќе »

Поранешниот претседател на Уставниот суд на Албанија Башким Дедја казнет поради прикривање имот

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал, ГЈККО, му изрече условна казна во траење од една година на поранешниот претседател на Уставниот суд на Албанија, Башким Дедја, поради прикривање имот. Специјалното јавно обвинителство, СПАК побарало една година затвор, но судот одлучил казната да биде 6 месеци затвор, која била …

Повеќе »

Израел одобри илјадници дозволи за доселеници на Западниот Брег и покрај притисок на САД

Израелската   влада синоќа одобри изградба на околу 5. 700 дополнителни станбени единици за еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон ги гледа како пречка за мирот со Палестинците. Плановите за изградба на станбени единици во различни области …

Повеќе »

Новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва

–Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по заклетвата, новите министри ќе заминат за Министерствата за примопредавање на функциите од нивните претходници од службената Влада. Владиниот состав вчера го соопшти новиот …

Повеќе »

Бајден: Брзиот интернет е неопходност за САД

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека брзиот интернет повеќе не е луксуз, туку „апсолутна неопходност“ и вети дека секое домаќинство во земјата ќе има пристап до таков до 2030 година со кабли направени во САД. „Овие инвестиции ќе им помогнат на сите Американци. Нема да оставиме никого зад себе“, додаде …

Повеќе »

САД треба да им се извинат на затворениците од Гвантанамо – експерт на ОН

Експерт на ОН рече дека начинот на кој американската влада постапува со затворениците во Гвантанамо е суров, нехуман и понижувачки според меѓународното право и го повика Вашингтон да се извини и да обезбеди компензација. „Забележав дека страдањето на затворениците по две децении затвор е длабоко и продолжува“, рече Фионуала Ни …

Повеќе »