12/03/2026

Најмалку 11 загинати во невреме во Бразил


– Најмалку 11 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во невремето што го зафати јужниот дел на Бразил.


На крајот на неделата циклон ја погоди државата Рио Гранде до Сул, на границата со Уругвај и Аргентина.


Според најновиот новиот биланс што денеска го објавија локалните власти, од загрозената област се евакуирани 602 лица. Повеќе од 2. 000 домови беа оштетени во циклонот. јт/Фото: ЕПА архива .

Извор: МИА