Breaking News

СВЕТ

Поранешниот потпретседател на Еквадор хоспитализиран откако колабирал во затвор

– Поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас кој е во затвор, е однесен во болница поради здравствени проблеми, пренесе ДПА. Глас (54) бил пронајден во неговата ќелија со симптоми на можен васкуларен колапс, се вели во соопштението на еквадорската затворска управа СНАИ. Глас одбиваше да јаде во претходните 24 часа, …

Повеќе »

Џоана во дводневна посета на Велика Британија

– Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска ќе отпатува во дводневна посета на Велика Британија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, престојот во земјата Џоана ќе го започне со посета на Сојузничката поморска команда на НАТО (МАРКОМ) во лондонското предградие Нортвуд, каде ќе се сретне со …

Повеќе »

Европските партии ќе потпишат Кодекс на однесување за Евроизборите

– Европските политички партии денеска во Брисел ќе потпишат Кодекс на однесување за изборите за членови во Европарламентот закажани за јуни годинава, на церемонија чиј домаќин ќе биде потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност Вера Јоурова. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ставањето потпис на Кодексот …

Повеќе »

Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан на комисиска расправа во ЕП

– Комисиите за надворешни работи и за буџет на Европскиот парламент денеска на заедничка седница треба да ја разгледаат и да се изјаснат за Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Предлог-регулативата за создавање на Механизмот е …

Повеќе »

САД со честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите

САД денеска испратија честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека најважно е ромските гласачи да имаат право непречено да учествуваат во слободни и фер избори. – Ја славиме богатата култура, јазикот и традицијата на Ромите, вклучувајќи ги и ромските Американци кои вложувале во Соединетите …

Повеќе »

Макрон: Прашањето за Косово е залог за иднина на регионот

Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на тет-а-тет средбата со српскиот претседател Александар Вуќиќ во Париз изјави дека „прашањето за Косово е ветување и залог за иднината на регионот“ и дека сето тоа е содржано во договорот што беше склучен пред една година, на кој се обврзаа двете страни, а …

Повеќе »

Палестинското барање за полноправно членство во ОН е проследено до надлежниот Комитет

– Претседавачката со Советот за безбедност на Обединети нации, амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзи денеска го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на Светската организација до надлежниот Комитет за прием на нови членки. Таа истакна дека барањето ќе се разгледува денеска, а расправата мора да се …

Повеќе »

САД: Не сме информирани за датумот на инвазијата врз Рафа

– САД не се информирани за датумот на израелската инвазија врз Рафа, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, коментирајќи ја изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Милер истакна дека Вашингтон во ниту еден случај не сака да види инвазија врз Рафа, последното прибежиште на раселените Палестинци од Појасот Газа. …

Повеќе »

Сакеларопулу и Пирц Мусар разговараа и за ЕУ перспективата на Западен Балкан

– Грција и Словенија се согласуваат за проширување на Европската унија со Западен Балкан, како и за пристапување на Украина, Молдавија и Грузија. Ние го поддржуваме ова и мислам дека ќе можеме да го дискутираме со Вас, истакна претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на почетокот на средбата во …

Повеќе »

Нетанјаху: Постои датум за инвазија врз Рафа

– Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Тој во денешната видеопорака истакна дека операцијата во Рафа е од суштинско значење за победата на Израел во војната со Хамас. – Тоа ќе се случи. Постои …

Повеќе »