Breaking News

Џоана во дводневна посета на Велика Британија


– Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска ќе отпатува во дводневна посета на Велика Британија.


Како што јави дописникот на МИА од Брисел, престојот во земјата Џоана ќе го започне со посета на Сојузничката поморска команда на НАТО (МАРКОМ) во лондонското предградие Нортвуд, каде ќе се сретне со нејзиниот командант, британскиот вицеадмирал Мајк Атли.


Попладне Џоана во Министерството за одбрана во Лондон ќе има средба со помошникот министер задолжен за одбранбени набавки Џејмс Картлиџ.

Посетата на Велика Британија, Џоана ќе ја заврши утре со средба со советникот за национална безбедност на британската Влада, сер Тим Бароу. сп/Фото: НАТО .


Извор: МИА