Breaking News

САД со честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите


САД денеска испратија честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека најважно е ромските гласачи да имаат право непречено да учествуваат во слободни и фер избори.


– Ја славиме богатата култура, јазикот и традицијата на Ромите, вклучувајќи ги и ромските Американци кои вложувале во Соединетите Држави, се наведува во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.


Оттаму укажаа дека Ромите во многу делови од светот се соочуваат со расизам, дискриминација и ксенофобија, а тоа води кон непропорционална сиромаштија, неправда па дури и насилство против ромските заедници и се повикува на нивно непречено учество во избори.

– Ромите исто така се меѓу оние етнички заедници кои се најмногу лишени од правото на глас. Витално е да се обезбеди ромските гласачи да имаат право непречено да учествуваат во слободни и фер избори.


САД остануваат посветени во промоција на човековите права и достоинството на ромските индивидуи дома и на меѓународно ниво, соопштија од Стејт департментот. кб/ми/ .

Извор: МИА