Breaking News

СВЕТ

Претседателот на Костарика сака да прогласи вонредна состојба заради приливот на мигранти

Претседателот на Костарика Родриго Чавез изјави дека сака да прогласи вонредна состојба поради зголемениот прилив на мигранти кои патуваат во САД, јави ДПА. Од јануари досега повеќе од 386. 000 мигранти влегле во оваа централноамериканска држава од Панама. Чавез на прес конференција објасни дека воведувањето на вонредна состојба ќе ослободи …

Повеќе »

Забрана за работа на десничарски организации во Германија поради ширење нацистичка идеологија

Германските власти денеска извршија рација во десетици локации низ земјата, откако министерката за внатрешни работи Ненси Фезер го забрани дејствувањето на десничарска екстремистичка група обвинета за ширење нацистичка идеологија. Рано изутринава е претресен штабот на групата „Артгемајнсшафт“, како и 26 куќи на 39 членови на оваа организација во 12 сојузни …

Повеќе »

Бела куќа: Бајден подржува зголемување на платите, не се меша во преговорите меѓу синдикатот на автомобилските работници и компаниите 

Американскиот претседател, Џо Бајден, синоќа се приклучи на штрајкувачите од американската автомобилска индустрија, станувајќи со тоа првиот претседател во историјата на САД кој лично дошол на работнички штрајк. Од Белата куќа подоцна изјавија дека претседателот нема намера да се меша во преговорите меѓу синдикатот Обединате авто-работници (UAW – United Auto …

Повеќе »

Калас: Земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана

Естонската премиерка Каја Калас денеска ги покани земјите од НАТО да го следат примерот на балтичките земји и значително да ги зголемат трошоците за одбраната, јави ДПА. Калас ја истакна сопствената земја, која следната година ќе ја зголеми оваа буџетска ставка на 3,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП). …

Повеќе »

Киев: Европски компоненти се вградени во иранските дронови што ги користи Русија

Различни компоненти на европски производители се инсталирани во ирански беспилотни летала што Русија ги користи во нападите врз Украина, се наведува во таен документ што Киев го испратил до своите западни сојузници со барање за испорака на ракети со долг дострел за напади на производствени локации во Русија, Иран и …

Повеќе »

Бербок го повика Азербејџан да дозволи меѓународни набљудувачи во Нагорно Карабах

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го повика Азербејџан да им дозволи на меѓународните набљудувачи да влезат во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах, јавија британските медиуми. Азербејџан минатата недела почна молскавична операција за враќање на контролата врз претежно ерменскиот регион. Како резултат на тоа, илјадници етнички Ерменци ги напуштија своите …

Повеќе »

Побарана оставка од бугарскиот министер за одбрана поради одлуката за испорака на ракети С-300 на Украина

Бугарските социјалисти побараа оставка од министерот за одбрана Тодор Тагарев поради одлуката за снабдување на Украина со ракети за системот С-300. Откако на вчерашната парламентарна комисија за одбрана со мнозинство гласови беше поддржан предлогот за испраќање „неисправни ракети С-300“ во Киев, Тагарев пред пратениците кажа дека таквата испорака нема да …

Повеќе »

Пекинг ја обвини владејачката партија на Тајван за сепаратизам

Еден ден откако претседателот на Тајван лобираше за поддршка на Австралија за приклучување кон регионалниот трговски пакт, кинеската влада денеска ја обвини владејачката партија на Тајван дека бара независност. Жу Фенглиан, портпарол на кинеската Канцеларија за прашања на Тајван, рече дека неодамнешните кинески воени вежби околу островот се одржани за …

Повеќе »

ЦИА се подготвува да воведе сопствен модел на вештачка интелигенција

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) се подготвува да воведе во употреба функција слична на програмата OpenAI која ќе користи вештачка интелигенција за да им овозможи на аналитичарите подобар пристап до интелигенција со отворен код, објави Блумберг. Според агенцијата, станува збор за поширока владина кампања за искористување на моќта на вештачката …

Повеќе »

Невремето „Илиас“ ги зафати Атина и делови на Грција

– Невремето „Илиас“, што од понеделникот ја зафати Грција, денеска кулминираше, а во текот на ноќта и рано утринава предизвика проблеми во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.  Во Атина има силни и обилни врнежи од дожд и …

Повеќе »