Breaking News

СВЕТ

Во Германија 18-годишник починал од повреди од петарда, 15 полицајци се повредени, а 300 демонстранти се приведени

Најмалку 15 полицајци се повредени на новогодишната ноќ во огномет низ Берлин, а околу 300 демонстранти се приведени, од кои многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува германскиот весник „Билд“. Весникот наведува дека во Горни Палатинату, во Баварија, осумнаесетгодишник починал од повредите со кои се здобил од петарда, наведува …

Повеќе »

Од денеска поскапи патарините во Грција

– Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе …

Повеќе »

Повеќе израелски војници загинаа во размена на оган со нивни колеги војници поради грешна идентификација

Од 170 израелски војници кои загинаа во Појасот Газа за време на копнената офанзива, 29 биле убиени во дејствија со нивни колеги војници или загинале во други несреќни случаи, соопшти израелската армија. Како што е наведено, 18 војници загинале во размена на оган со нивни колеги војници поради грешна идентификација, …

Повеќе »

Бегај и Рама им ја честитаа на косовските граѓани визната либерализација-заслужено, но задоцнето достигнување

– Шефот на албанската држава Бајрам Бегај и на владата Еди Рама им го честитаа на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација, оценувајќи го при тоа како „заслужено, но задоцнето достигнување“. Бегај во објава на Фејсбук пишува дека се надева оти овој чекор ќе го забрза процесот за …

Повеќе »

Во Истанбул масовен собир за поддршка на Палестинците

– Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Истанбул за да го одбележат почетокот на новата 2024 година со марш за Газа и да го осудат терористичкиот напад на ПКК од пред неколку недели, во кој загинаа повеќе од десет турски војници во северен Ирак, јави агенцијата Анадолија. Демонстрантите маршираа, …

Повеќе »

Србија го презема претседавањето со ЦЕФТА

– Србија од денеска го презема едногодишното претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Приоритетите на претседавањето на Србија со ЦЕФТА договорот во текот на 2024 година ќе бидат, меѓу другото, консолидација и зајакнување на имплементацијата на договорот, олеснување на трговијата со стоки и услуги меѓу ЦЕФТА страните, како …

Повеќе »

Со концерт и огномет дочекана Новата година во Атина

– Со концерт на плоштадот Синтагма и традиционален огномет беше дочекана Новата година во Атина, а на одбројувањето присуствуваше и новиот градоначалник Харис Дукас, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките музичари Никос Портокалоглу и Марина Сати, која годинава ќе ја претставува Грција на Евровизија на присутните им приредија незаборавна …

Повеќе »

Има заробени луѓе под урнатини по земјотресот во Јапонија

– Најмалку шест лица се заробени под урнатини на полуостровот Ното кој денеска беше погоден од силен земјотрес. Засега нема информации за состојбата на луѓето под урнатините. Пожарите во градот Ваџима на полуостровот се чини дека уништиле голем број куќи. Се уште нема извештаи за повредени или загинати. Локалното население …

Повеќе »

Во Србија од денеска дозволено слободно движење на возила со косовски РКС регистарски таблички

– Согласно одлуката на Владата на Србија од 25 декември минатата година, на територијата на Србија од денеска е овозможено слободно движење на возила со косовски „РКС“ регистарски таблички. Како што претходно најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, Владата на Србија донела ваква одлука „за да …

Повеќе »

Си и Бајден разменија честитки по повод 45-годишнината од билатералните односи меѓу Кина и САД

– Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот американски колега Џо Бајден разменија честитки по повод 45-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Пекинг и Вашингтон, јавија денеска кинеските државни медиуми. – На 1 јануари кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден разменија честитки по повод 45-годишнината од воспоставувањето на …

Повеќе »