Breaking News

Бегај и Рама им ја честитаа на косовските граѓани визната либерализација-заслужено, но задоцнето достигнување


– Шефот на албанската држава Бајрам Бегај и на владата Еди Рама им го честитаа на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација, оценувајќи го при тоа како „заслужено, но задоцнето достигнување“.


Бегај во објава на Фејсбук пишува дека се надева оти овој чекор ќе го забрза процесот за членство на Косово во ЕУ и другите меѓународни организации.


-Честитки за граѓаните на Косово кои од денеска патуваат без визи во Европа! Ова е заслужено, но задоцнето достигнување.

Се надевам дека овој чекор ќе го забрза целиот процес на членство на Косово во ЕУ и другите меѓународни организации, наведува Бегај.


Премиерот Рама честитајќи му на Косово за визната либерализација, во објавата на Фејсбук, напиша „Оваа година е добар почеток со долгоочекуваната слобода на движење во ЕУ“-Оваа година е добар почеток за Косово, со долгоочекуваната слобода на движење во Европската унија.

Среќно Косово, среќа, здравје и сè што ви посакува албанското срце-Албанци на Косово, пишува Рама.


Граѓаните на Косово од овој понеделник, 1 јануари 2024 година, без визи може да патуваат во 27 земји од Шенген зоната. вт/ .

Извор: МИА