Breaking News

СВЕТ

Немири во Холандија за време на новогодишната ноќ, приведени над 200 луѓе

Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица се приведени ширум земјата за време на немирите на новогодишната ноќ во кои беа повредени неколку десетици полицајци. Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења, пренесува Ројтерс. …

Повеќе »

Илјадници дози вакцини против детски болести пристигнаа во Газа

Илјадници дози вакцини против детски болести, вклучително и детска парализа и сипаници, почнаа да пристигнуваат во Појасот Газа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Според извештаите, залихите се доволни за покривање на вакцинациите во следните осум до 14 месеци, а во Газа пристигнале преку преминот Рафа на границата со Египет. …

Повеќе »

Ким Џонг Ун: Потребно e да се мобилизира најмоќното оружје за уништување на САД и Јужна Кореја доколку изберат војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во обраќањето до воениот врв на земјата рече дека потребно e да се мобилизираат најмоќните оружја за уништување на САД и Јужна Кореја, доколку тие земји го изберат патот на воена конфронтација, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг. На состанокот со севернокорејските воени команданти, Ким …

Повеќе »

Антибиотиците поскапеа во Нигерија за повеќе од 1.000 отсто

Во најнаселената африканска нација, Нигерија, цената на антибиотиците се зголеми за повеќе од 1. 000 отсто меѓу 2019 и 2023 година, бидејќи производителите на лекови продолжуваат да се борат со девизните предизвици и зголемените трошоци за производство. Извештајот „СБ Морген Интелиџенс“ („SB Morgen Intelligence“) насловен: „Плаќање на цената на здравјето“ …

Повеќе »

Мариника Тепиќ: За две недели ќе бидам стабилна на нозе, продолжуваме со ослободувањето

– Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, ја честиташе Новата година и порача дека за две недели ќе биде стабилна на нозе и оти потоа ќе продолжи со „ослободувањето“. – Среќна и слободна во 2024 година. Ви благодарам за грижата и поддршката. Им благодарам на лекарите …

Повеќе »

Во Германија 18-годишник починал од повреди од петарда, 15 полицајци се повредени, а 300 демонстранти се приведени

Најмалку 15 полицајци се повредени на новогодишната ноќ во огномет низ Берлин, а околу 300 демонстранти се приведени, од кои многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува германскиот весник „Билд“. Весникот наведува дека во Горни Палатинату, во Баварија, осумнаесетгодишник починал од повредите со кои се здобил од петарда, наведува …

Повеќе »

Од денеска поскапи патарините во Грција

– Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе …

Повеќе »

Повеќе израелски војници загинаа во размена на оган со нивни колеги војници поради грешна идентификација

Од 170 израелски војници кои загинаа во Појасот Газа за време на копнената офанзива, 29 биле убиени во дејствија со нивни колеги војници или загинале во други несреќни случаи, соопшти израелската армија. Како што е наведено, 18 војници загинале во размена на оган со нивни колеги војници поради грешна идентификација, …

Повеќе »

Бегај и Рама им ја честитаа на косовските граѓани визната либерализација-заслужено, но задоцнето достигнување

– Шефот на албанската држава Бајрам Бегај и на владата Еди Рама им го честитаа на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација, оценувајќи го при тоа како „заслужено, но задоцнето достигнување“. Бегај во објава на Фејсбук пишува дека се надева оти овој чекор ќе го забрза процесот за …

Повеќе »

Во Истанбул масовен собир за поддршка на Палестинците

– Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Истанбул за да го одбележат почетокот на новата 2024 година со марш за Газа и да го осудат терористичкиот напад на ПКК од пред неколку недели, во кој загинаа повеќе од десет турски војници во северен Ирак, јави агенцијата Анадолија. Демонстрантите маршираа, …

Повеќе »