Мариника Тепиќ: За две недели ќе бидам стабилна на нозе, продолжуваме со ослободувањето


– Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, ја честиташе Новата година и порача дека за две недели ќе биде стабилна на нозе и оти потоа ќе продолжи со „ослободувањето“.


– Среќна и слободна во 2024 година. Ви благодарам за грижата и поддршката. Им благодарам на лекарите кои се мрштеа, но и имаа разбирање.


И на кардиологот кој ми објасни дека најсилната „инфузија“ е во мојата глава, во толкавата решителност, напиша таа на Х со голема слика од срце.

Тепиќ изјавила дека лекарите и рекле дека „за две недели ќе биде стабилна на нозе“ и додаде: „Па да продолжиме со ослободувањето“.


Мариника Тепиќ штрајкуваше со глад 12 дена во знак на протест против нерегуларностите на изборите во Србија. јт/ .

Извор: МИА