Breaking News

Немири во Холандија за време на новогодишната ноќ, приведени над 200 луѓе


Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица се приведени ширум земјата за време на немирите на новогодишната ноќ во кои беа повредени неколку десетици полицајци.


Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења, пренесува Ројтерс.


Полицијата во Ротердам соопшти дека во тој град биле запалени повеќе од сто возила, додека единиците за задушување на немирите ги растерале насилните демонстранти во Амстердам, Хаг и други градови.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА