Breaking News

Русија преку ноќ ги бомбардира украинските градови со проектили


Руските воздухопловни сили уште еднаш ја бомбардираа Украина со проектили. Украинските медиуми утрово објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро.


Според набљудувачите, речиси десетина стратешки бомбардери истрелале крстосувачки ракети врз цели во Украина. Биле распоредени и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама).


Во Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад. Земјата се брани од руската инвазија повеќе од 22 месеци. Москва веќе распореди илјадници проектили против цели во Украина.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА