Breaking News

Воен авион уби 17 цивили во бунтовничкото село во Мјанмар


Најмалку 17 цивили, меѓу кои девет деца, се убиени во воздушните напади на Мјанмар врз село контролирано од продемократскиот отпор, соопштија вчера локалните жители и групите за човекови права.


Воената хунта во Мјанмар се соочува со противници во делови од северниот и источниот дел на земјата. Локалните медиуми јавија дека 20 лица се ранети.


Мета на првите бомби биле две цркви во селото, а вториот напад бил додека луѓето бегале. Очевидци изјавија дека авионот фрлил вкупно шест бомби и дека биле погодени и куќи.

Тие соопштија и дека се ранети 30 лица. Државните медиуми објавија дека извештаите за нападот се „лажни“, а државната радиотелевизија објави дека во тој момент не оперирале авиони во областа.


Селото е под контрола на група од Силите за народна одбрана (ПДФ), една од неколкуте кои се борат против хунтата. Војската ги опишува овие групи како „терористички“. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА