Breaking News

СВЕТ

Предвремени претседателски избори во Азербејџан

– Повеќе од шест милиони Азербејџанци денеска ќе гласаат за еден од седумте кандидати на предвремените претседателски избори. Претседателските избори првично беа планирани за 2025 година, но претседателот Илхам Алиев ги организира сега со цел да си ја зацврсти власта по освојувањето и присоединувањето на Нагорно-Карабах на Азербејџан. Алиев ја …

Повеќе »

Одрон на Филипините затрупа два автобуса, повредени 11 рудари

Свлечиште предизвикано од обилни дождови во јужна филипинска провинција затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопшти денеска агенцијата за катастрофи. Свлечиштето се случило синоќа пред рудник за злато во градот Мако во провинцијата Давао де Оро каде автобуси ги земале вработените. Повредените, меѓу кои и еден …

Повеќе »

НОРАД следела руски авиони над Алјаска

– Северноамериканската воздушно-вселенска одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека детектирала и следела четири руски авиони во зоната на Алјаска. НОРАД наведе дела руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не го нарушиле воздушниот простор на САД или Канада.  ми/ . Извор: МИА

Повеќе »

Бајден во својот говор го помеша Макрон со Митеран

Претседателот Џо Бајден во својот завчерашен говор за предизборната кампања ги помеша францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година. Во Лас Вегас, Бајден раскажа анегдота од состанокот на Г7 во Корнвол во 2021 година. Тој раскажа дека на состанокот рекол оти „Америка …

Повеќе »

Вонредна седница на СБ на ОН за Косово

– За утре е закажана вонредна седница на Советот за безбедност на Обединети нации за состојбата во Косово. Србија пред два дена побара од Мисијата на Гвајана, која претседава со СБ на ОН, да закаже специјална седница. Во барањето се истакнува дека состојбата во Косово е „во остра спротивност со …

Повеќе »

Израел изврши напад врз позициите на сириската армија во провинцијата Хомс

Израелски проектили погодија голем број локации во сириската провинција Хомс, соопшти денеска сириската армија, пренесе БТА. Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, соопштија државните медиуми, без да наведат детали за погодените цели. Воен извор подоцна за државните медиуми изјави дека има неколку жртви и повредени, како и материјална штета. Државната …

Повеќе »

ЕК предложи нова директива за борба против сексуална злоупотреба и експлоатација на децата 

Европската Комисија денеска ја усвои Предлог-директива за борба против сексуална злоупотреба и експлоатација на децата, со која се ажурираат казнено-правните санкции за овие кривични дела, соопшти потпретседателката на ЕК и еврокомесарка за демократија и демографија Дубравка Шуица.  – Се проценува дека едно од пет деца во ЕУ страда од некоја …

Повеќе »

Луфтханза предвидува дека утре поради штрајкот ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите

Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати. „Поради штрајкот, во моментов претпоставуваме дека 10 до 20 отсто од распоредот на летови на Луфтханза ќе биде достапен на 7 февруари“, објави …

Повеќе »

Грузиската претседателка Зурабишвили е против проектот за руска база во Абхазија

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили денеска оцени дека можното поставување на руска воена база во сепаратистичкиот регион Абхазија е безбедносна „закана”. Лидерот на таа проруска територија во октомври најави дека руската флота наскоро ќе има база „во областа Очамчире“, на брегот на Црното Море, без да го прецизира можниот датум …

Повеќе »

Полицијата употреби солзавец на антивладините протести на Хаити

Стотици Хаиќани протестираа низ островот барајќи оставка од премиерот Ариел Анри, додека банките, училиштата и владините агенции се затворени во северните и јужните региони на Хаити, откако бесните демонстранти ги блокираа главните патишта со запалени гуми и го парализираа јавниот превоз, објавија локалните медиуми. Главните градови низ Хаити од вчера …

Повеќе »