СВЕТ

Фредериксен: Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска најави дека Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи „сега им се повеќе потребни“. Говорејќи на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен, таа …

Повеќе »

Папата Франциск повика на прекин на граѓанската војна во Судан

Папата Франциск денеска ги повика завојуваните фракции во Судан да го прекинат 10-месечниот конфликт кој доведе до раселување на милиони луѓе и ги зголеми стравувањата од глад. „Повторно апелирам до завојуваните земји да ја прекинат оваа војна што предизвикува толку голема штета на луѓето и иднината на земјата. Да се …

Повеќе »

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди северен Авганистан

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска северната авганистанска провинција Балх. Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Хаџи Заид, портпарол на гувернерот на Балх, изјави дека засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. рп/Фото: МИА …

Повеќе »

Нетанјаху: Израел се противи на „еднострано“ прогласување на палестинската државност

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата влада ќе гласа за „декларативно решение“ односно спротивставување на Израел на секакво еднострано прогласување на палестинската државност. Нетанјаху на почетокот на неделниот состанок на Владата рече дека потегот доаѓа по „неодамнешните разговори во меѓународната заедница за обид за еднострано признавање на палестинска …

Повеќе »

Вучиќ: Позицијата на Србија ќе биде потешка по смртта на Навални

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека позицијата на Белград во однос на Москва ќе биде потешка по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и дека ситуацијата треба да се гледа во контекст на рускиот напредок во Украина и претседателските избори во САД, но ја отфрли можноста за воведување …

Повеќе »

Вучиќ: Во моментов имаме мнозинство во Собранието на Белград

„Во моментов имаме мнозинство во Белград“, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на утрешната конститутивна седница на Белградското собрание, но не ја исклучи можноста изборите да се повторат на градско ниво, јави дописникот на МИА од Белград. -Колку што сум информиран, имаме мнозинство за Белград, но постои разлика, …

Повеќе »

Повеќе од 400 луѓе се приведени во Русија за време на протестите по смртта на Навални, соопшти организација за човекови права „ОВД-Инфо“

Повеќе од 400 луѓе се приведени за време на протестите во 32 руски градови по смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“. Тоа е најголемиот бран протести предизвикани од политичките случувања во Русија од септември 2022 година, кога повеќе од 1. …

Повеќе »

Борел: Приоритетите на ЕУ се безбедносни и фокусирани на Украина и Блискиот Исток

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека надворешната и безбедносната политика на ЕУ е фокусирана на жаришните точки во Украина и на Блискиот Исток. „Мораме да обезбедиме безбедносни приоритети на Украина и да и помогнеме на …

Повеќе »

Протест на сточарите од југот на Албанија, блокирани патишта

Сточарите од јужната албанска околија, Ѓирокастро излегоа на улиците за да протестираат против неисполнетите барања на Министерството за земјоделство. -Денеска сточарите од 10 општини од југот на земјата во знак на предупредување го блокираа националниот пат Кардик-Делвина и уште еднаш побараа исполнување на нивните барања, јави Топ чанел. Според телевизијата, …

Повеќе »

Ванг Ји: Кина повикува на мировни преговори за Украина што е можно поскоро

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Минхен изјави дека Кина не е креатор на украинската криза, ниту е страна во тој конфликт, и дека конфликтот во Украина не го гледа како можност за стекнување корист, туку дека повикува на мировни преговори што е можно поскоро. „Претседателот (на Кина) …

Повеќе »