СВЕТ

Бербок изрази збунетост од коментарите на папата Франциск за војната во Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок со збунетост реагираше на повикот на папата Франциск до Украина да започне мировни преговори со Русија, јави ДПА. „Навистина се прашувам што мислеше“, рече Бербок синоќа во интервју за германската јавна телевизија АРД. „Не го разбирам“, додаде таа. Бербок потсети дека со свои …

Повеќе »

Абдел Фатах ал-Сиси на 2 април ќе даде заклетва на својот трет шестгодишен претседателски мандат

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси на 2 април ќе положи заклетва за својот трет шестгодишен мандат, одлучи Комисијата за општи работи во Претставничкиот дом на египетскиот Парламент, пренесе весникот „Ал-Ахрам“. Претседателските избори се одржаа на 1, 2 и 3 декември во странство и на 10, 11 и 12 декември во …

Повеќе »

Руски центар за истражување на јавното мислење: Путин на изборите би можел да освои 82 отсто од гласовите

Проценетата излезност на претстојните претседателски избори во Русија е 71 отсто, а Владимир Путин би можел да освои 82 отсто од гласовите, објави денеска Рускиот центар за истражување на јавното мислење. Според истражувањето на Рускиот центар за истражување на јавното мислење, лидерот на Комунистичката партија, Николај Каритонов и лидерот на …

Повеќе »

Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина

– Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина. И во двата одвоени случаи, припадници на …

Повеќе »

Масивен руски напад со дронови врз Одеса, украинската ПВО соборила десет

Руските сили во текот на ноќта извршија масовен напад со беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса, при што беа оштетени инфраструктура и станбени згради. Киев Индипендент пренесува дека противвоздушната одбрана (АВО) оперирала час и половина, одбивајќи ги дроновите „шахид“. Се наведува дека борбените дронови доаѓале од правец на Црното Море. …

Повеќе »

Приоритет на НАТО во Албанија е премин од бавно кон високо производство на муниција, за потребите на војната во Украина

– Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во врска со идејата за ревитализација на индустријата за оружје во Албанија, за албанската телеграфска агенција АТА наведуваат дека продолжуваат разговорите меѓу сојузниците за „зголемување на производството на муниција“, што од „бавно ќе премине кон високо производство на муниција, што го бара војната …

Повеќе »

Бајден денеска треба да ги претстави своите планови за финансиите на САД

– Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ги изложи своите фискални планови за земјата, презентирајќи го буџетот за фискалната 2025 година, која почнува од почетокот на октомври. Буџетот најверојатно ќе вклучува ветувања за намалување на трошоците за покривање на дефицитот на земјата со 3 трилиони долари во текот …

Повеќе »

Њујорк Тајмс: ЦИА во 2022 предупредила дека има 50 отсто шанси Русија да употреби нуклеарно оружје

– ЦИА во 2022 година го предупредила американскиот претседател Џо Бајден дека има 50 отсто или повеќе шанси Русија да употреби нуклеарно оружје доколку открие дека нејзините сили се десеткувани и дека незаконски анектираната територија на Крим е во опасност, пишува Њујорк Тајмс. Весникот објави дека Бајден го одржал говорот …

Повеќе »

Кина ги зголемува трошоците за одбраната

Кинескиот Парламент, Народниот национален конгрес денеска одобри зголемување на трошоците за одбраната од 7,2 отсто. Како што се приближуваше крајот на еднонеделната конференција на Народниот национален конгрес, околу 2. 900 пратеници го одобрија годишниот буџет, кој оваа година исто така предвидува зголемување на трошоците за одбрана од 7,2 отсто до …

Повеќе »

Полска бара членките на НАТО да издвојат три отсто од својот БДП за одбрана

Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека за време на утрешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе побара членките на НАТО да се обврзат минимумот што треба да го одвојат за одбраната да биде три проценти од БДП, а не како до сега доброволно преземена обврска од два отсто. „Сакам …

Повеќе »