Breaking News

Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина


– Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина.


И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.


Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни. ср/сд/Фото: Архива МИА .

Извор: МИА