Breaking News

ЛОКАЛНО

Претставата „Види летам!“ изведена во Тетово 

Театарската претстава „Види, летам!“ од Вондерленд театар – независна театарска продукција од Скопје беше изведена синоќа во Тетово. Претставата е дел од проект и истражување за предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство. „Види, летам!“ на Вондерленд театар е поддржан …

Повеќе »

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 3 на …

Повеќе »

Во ЦУК 1.748 повици за итни случаи изминатото деноноќие, еден пожар на отворено

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи имало вкупно 1. 748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30 проценти, а имало 60,70 отсто други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, соопштија од Центарот за управување …

Повеќе »

Битолскиот театар одбележува годишнина од денот на формирањето

Националната установа Народен театар – Битола денеска го одбележува 14 ноември, денот кога во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот, е формиран првиот македонски народен театар. Први членови и основачи на театарот биле Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Јорго Цаца, Вера Вучкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев …

Повеќе »

Претседателот на Народното собрание на Бугарија во посета на Собранието

Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков денеска ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Желјасков ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што е предвидено двајцата да дадат изјава за медиумите.  Во 13 часот …

Повеќе »

Отворање на 6. Годишна конференција за е-трговија

Под мотото „Редефинирање на е-трговијата со вештачка интелигенција” денеска во Скопје ќе биде отворено шестото издание на Конференцијата за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Од Асоцијацијата за е-трговија информираат дека врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Мета, Заландо, Нестле, Алегро, но и претставници од …

Повеќе »

Седница на Уставен суд

Уставниот суд денеска треба да ја одржи 41. седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставност и законитост и еден предмет за решавање на судир на надлежност. На дневен ред на седница е иницијативата со која е оспорен член 218 став 1 и 2 од Законот …

Повеќе »

Во Собранието седници на три комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (*), …

Повеќе »

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на документацијата. Членовите на Комисијата, кои вчера ги отпочнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата, треба да ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во …

Повеќе »

Едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиље

Во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичкото село Дабиље ќе се одржи седмото предавање за корупција. На настанот ќе се обрати претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска.  Целта на кампањата е учениците да се едуцираат …

Повеќе »