Breaking News

Во Собранието седници на три комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија.


Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (*), по скратена постапка.


На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Формирањето на Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се неколку точки – Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година (арх.


бр. 08-3782/1); Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година (арх. бр.

08-1896/1); Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2023 година (арх. бр.


08-4421/1); Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2023 година (арх. бр.

08-4177/1); Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година (арх. бр.


08-5612/1); Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година (арх. бр.

08-2986/1); Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година (арх. бр.

08-2945/1); Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2022 година (арх. бр.

08-1654/1); Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година (арх. бр.

08-1460/1) и Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година (арх. бр. 08-1895/1). фф/вј/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА