Breaking News

Претставата „Види летам!“ изведена во Тетово 


Театарската претстава „Види, летам!“ од Вондерленд театар – независна театарска продукција од Скопје беше изведена синоќа во Тетово.


Претставата е дел од проект и истражување за предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство.


„Види, летам!“ на Вондерленд театар е поддржан од Висок комесаријат на ООН за бегалци (УНЦХР) и Младински образовен форум (МОФ).

– Продукцијата ја црпи својата инспирација од автентичните наративи, искази и приказни на оние со кои и за кои работи Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).


Овие лица храбро ги споделија своите искуства, анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд театар, „Види, летам“ на Вондерланд театар обидува да ја подигне свеста и емпатијата за борбите со кои се соочуваат бегалците и лицата без државјанство.

Со расветлување на овие важни приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница, информираше Ристо Савевски од Младински образовен форум.


Претставата е изработена од драматургот Ана Трпеноска. Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ.

Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Драгана Костадиновска. ас/мд/фото: МОФ .


Извор: МИА