Breaking News

ЛОКАЛНО

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра. Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој …

Повеќе »

Синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година 57 163 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува …

Повеќе »

Таткото на Вања останува во притвор

Одбиено е барањето од одбраната за замена на мерката притвор со куќен притвор за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен за „грабнување“.  -Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А. Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст. 2 вв ст. 1 …

Повеќе »

Целта на „црната листа“ е да видиме промена во однесувањето на оние кои се на неа, порача О’Брајан

Прашањето за улогата на санкциите на САД во борбата против корупцијата е малку сложено и целта е да видиме промена во однесувањето на поединците на списокот и оние коишто се поврзани со нив. Она што сакаме да го видиме е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки коишто …

Повеќе »

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

– Граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. САД сакаат да ја видат Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо, порача помошник државниот секретар за европски …

Повеќе »

Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство. Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на …

Повеќе »

Четврта зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје од денеска до 26 јануари

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје од денеска до 26 јануари ќе ја организира Четврта зимска школа. Како што информираше директорката на МСМЈЛК при УКИМ Кристина Николовска, истата ќе се одржи на далечина, а ќе учествуваат 81 семинарист од целиот свет. -Радува фактот …

Повеќе »

Студенти на Медицина доделија оксиметри и аспиратори за Клиниката за детски болести

Студенти на Медицинскиот факултет денеска доделија оксиметри и аспиратори за Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести.  -Изминатиот период, студентите од Медицинскиот факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација, четиринаесетти пат го организираа хуманитарниот проектот „СОС – Дедо Мраз“ во Скопје. – Благодарение на хуманоста на граѓаните, собрани беа артикли …

Повеќе »

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан. Во овие клучни моменти за прогресот на регионот, а пред сè за македонската европска иднина, ЕУ и САД од овде, од Скопје испратија јасна порака за поддршката …

Повеќе »

Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти (ДПЛ)

– Единствениот прогрес во борбата против тортурата и нехуманиот третман е во однос на стратегиите и документацијата, односно насоките што треба да се преземат од страна на државата, имплементацијата останува слабост и неопходни се дополнителни напори, особено финансиски, за да може осудените лица да издржуваат затворска казна во соодветни услови. …

Повеќе »