Breaking News

ФИНАНСИИ

Данското Министерство за одбрана забрани Тикток на службените уреди

Данското Министерство за одбрана им се приклучи на другите западни земји во забраната за употреба на кинеската платформа за кратки видеа Тикток на службените мобилни телефони и други уреди. Употребата на платформата е забрането од безбедносни причини, но и затоа што апликацијата е потребна само до многу ограничен степен за …

Повеќе »

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – …

Повеќе »

Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница

Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе се одржи аукцијата за деветата еврообврзница. – Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби …

Повеќе »

МТСП ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Списоците се достапни на линкот: http://bitly.ws/BcrC Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март. -На веб-страната на …

Повеќе »

ЕУ доделува 47 милиони евра за хуманитарна помош за Конго, Франција 34 милиони евра

Европската унија денеска соопшти дека доделува повеќе од 47 милиони евра за хуманитарна помош за провинцијата Северен Киву во Конго и дека планира да испрати санитетски материјал и храна во таа источна провинција погодена од судирите меѓу владините сили и бунтовничката група М23. Европскиот комесар за управување со кризи Јанез …

Повеќе »

Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на руски олигарси

Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на санкционирани олигарси од почетокот на рускиот напад врз Украина, соопшти германското Министерство за финансии. Пред шест месеци таа бројка беше 4,28 милијарди евра. Оваа информација Министерството ја соопшти како одговор на барањето на германскиот пратеник Кристијан Герке. „Од декември замрзнат е имотот …

Повеќе »

Општина Куманово отпиша даночни побарувања поради застареност

Општина Куманово отпиша даночни побарувања од скоро милион и триста илјади евра, соопштија од Секторот за даноци. Советот на последната седница ја изгласа Предлог – одлуката за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија (заклучно со 2018 година) и данок на имот …

Повеќе »

Се зголемува минималниот праг на ИПАРД инвестициите, за малите производители поддршка преку националните програми

Земјава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, но не и по „тежината“ на реализираните инвестиции. Тоа го покажуваат официјалните бројки – ако кај нас просечната исплатена инвестиција е 23 000 евра, во Албанија, на пример, изнесува 180 000 евра. Малите инвестиции, некои и по максимум 1 000 …

Повеќе »

Дизелот поскапува за два денара

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ …

Повеќе »

Јапонија ќе донира нов ултразвучен систем на гинекологија во Општа болница Струмица

Јапонската амбасада и Јавната здравствена установа Општа болница Струмица денеска потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP), кој има за цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Грант договорот потпишан од амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја и директорката на ЈЗУ Општа …

Повеќе »