Breaking News

Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година


Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито.


Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки.


Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел). За 2028 година беа номинирани и Скопје и Чешке Будејовице во Чешка.

Жирито со 12 члена од европски земји, избирајќи меѓу четири града, посвети посебно внимание на придонесот на проектот за долгорочниот развој на градот, на културно-уметничките содржини што ги нуди, неговата европска димензија, вклученоста на граѓанското општество во дефинирањето и подготовката на презентираниот проект, како и неговиот буџет.


Покренат во 1985 година под водство на Франција и Грција, системот на европска престолнина на културата има за цел да го стимулира културниот туризам преку организирање изложби, фестивали, па дури и изградба на музеи.

зш/ .


Извор: МИА