Breaking News

Битиќи: „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од ЕУ


Вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои го бираат патот кон Европската унија.


 -Европскиот фронт ќе важи и ќе живее до денот на целосната европска интеграција на нашата земја.


И не само кон одредени политички партии, отворен е и за сите граѓани кои го избираат патот кон Европската унија, рече Битиќи по панел-дискусијата „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“ во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“.

фф/бак/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА