Breaking News

Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Кривичниот суд


Без вода утрово од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и  објектите на Основен суд I – Скопје и Основен Кривичен суд – Скопје.


Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.


Поради технички причини при санацијата на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Основен суд I – Скопје и Основен Кривичен суд – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот. дма/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА