Без вода кули Расадник и дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од кулите Расадник во Кисела Вода и неколку улици во Карпош.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на ул. 1511/12б, во кули Расадник, Кисела Вода.


Поради дефект на приклучна цевка и дефект во шахта на улица „Даскал Камчев“ бр.

3 во Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците: „Даскал Камчев“, „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“ и дел од „Руѓер Бошковиќ“.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. ир/вг/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА