Breaking News

Белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич осуден на осум години затвор


Белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич денеска е осуден на осум години затвор под обвинение за организирање протести и заговор за преземање на власта во земјата.


Тој беше уапсен во мај 2021 година, кога белоруските контролори на летање наредиле да слета во Минск авионот на „Рајанер“ со кој патувал, наводно поради закана за бомба.


Протасевич патуваше од Атина за Вилнус, каде што живеел во егзил.

Тој е новинар и ко-основач на каналот во апликација на Телеграм, која беше пресудна за размена на информации меѓу противниците на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.


Белоруските власти го прогласија каналот за екстремистички бидејќи се користеше за организирање масовни демонстрации против Лукашенко. сд/ Извор: МИА.