Breaking News

Белата куќа го осуди рускиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина


Белата куќа ги осуди руските напади со ракети и дронови врз граѓанската инфраструктура на Украина во изминатото деноноќие, изјавувајќи дека ваквите напади се уште едно потсетување за неопходноста од усвојување на нацрт законот за помош на Украина.


– Русија ноќеска нанесе еден од најкрупните воздушни напади од почетокот на војната врз енергетскиот систем на Украина и во овие уште ладни денови од раната есен лиши голем дел од населението од греење, вода и струја, се вели во изјавата на Адриен Вотсон, портпаролка на Националниот совет за безбедност.


– Ова бомбардирање е дел од серијата руски напади врз критично важната инфраструктура на Украина и е ужасно потсетување за обидите на Владимир Путин да го скрши украинскиот народ и да го турне во мрак.

– За да се помогне на Украина да се заштити од овие постојани напади, Претставничкиот дом треба да го усвои двопартискиот дополнителен нацрт закон за национална безбедност, за да можеме да испорачаме на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана.


Украина има потреба од итна помош и не можеме да си дозволиме понатамошно одолговлекување, се вели во изјавата. кб/  .

Извор: МИА