Аврамовска–Мадиќ:  Може треба зацврстувања на одредени закони за да се констатира подобро утврдувањето на одговорност на членови во одредени институци…


– Законската рамка е добра, меѓутоа може треба зацврстувања на одредени закони за да се констатира подобро утврдувањето на одговорност на одредени членови во одредени институции, како што е Судскиот совет или Советот на јавни обвинители, за да не се доведеме во ваква ситуација, каква што Северна Македонија и правосудството во моментов се наоѓа, изјави денеска заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ.


Одговарајќи на новинарски прашања во однос на случувањата во Судскиот совет и, дали излезот е со законски измени или некој друг начин, Аврамовска – Мадиќ нагласи дека судската власт е засебна и извршната власт не се меша.


– Можам само да им порачам на сите во правосудните органи дека треба сами да изнајдат начин и сили да си ги решат проблемите, што поскоро, бидејќи само тоа ќе биде начинот да почнат да ја враќаат довербата на граѓаните во правосудните органи, изјави Аврамовска – Мадиќ.

 Во ваква ситуацијата, според Аврамовска – Мадиќ, довербата нема да може да се врати, без разлика, како што рече „што се ќе направи Владата и какви краткорочни и долгорочни реформи ќе направи“.


 – За нивните нарушени меѓучовечки односи и сето она што се случува внатре, повторно ќе нагласам, мора сами да најдат начин да го решат, изјави Аврамовска – Мадиќ.

Во однос на информацијата дека постои проблем со немање начин каде да се полага тестот за интегритет за изборот на судиите од основен на повисок суд и изборот на кандидатите кои се завршени во Академијата, Мадиќ рече дека со Министерот за правда ќе дискутираат за изнаоѓање начин да се помогне Судскиот совет да може да работи.


 – Ние бараме Судскиот совет да почне да работи, изјави Аврамовска – Мадиќ.

Прашана за коментар во однос на оставките во Судскиот совет, Аврамовска – Мадиќ рече дека оставките се лични и ќе остави сами да ги образложат причините. аа/нд/Фото: МИА .


Извор: МИА