Breaking News

Zoran Popov

Британската нафтена компанија заработи милијарда долари само од трговијата во САД

Британскиот нафтен гигант Шел заработува милијарда долари годишно тргувајќи со нафта во САД, покажаа документите приложени во тужбата поднесена од поранешен вработен. Сведочењето на поранешниот шеф на одделот за трговија на Шел, Џон Димех во судот во Тексас даде ретка можност за увид во финансиските детали што Шел ги третира …

Повеќе »

Блинкен: Се надевам дека Хамас ќе ја прифати „исклучително великодушната“ понуда

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително великодушната“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците. „Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно великодушна од израелска страна“, рече …

Повеќе »

Санчез одлучи да продолжи да ја извршува функцијата премиер на Шпанија

– Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека одлучил да остане на функцијата, која ја извршува од летото 2018 година, и покрај отворената истрага против неговата сопруга за можна корупција. – Решив да продолжам, со уште поголема сила на чело на владата … Тие се обидуваат да ме скршат поради …

Повеќе »

ЕУ ги продолжи привремените мерки за борба против онлајн сексуална злоупотреба на деца за уште две години 

Советот на ЕУ денеска усвои Регулатива со која се продолжува важноста на привремените мерки за борба против сексуалната злоупотреба на деца преку Интернет до 3 април 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел.  Со Регулативата давателите на онлајн интерперсонални комуникациски услуги се ослободуваат од обврската за тајност на личните …

Повеќе »

Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот

– Судскиот совет на денешната седница ја одложи точката за утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола. Одложена беше и точката за разгледување на Извештај на Комисијата за …

Повеќе »

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА. Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат …

Повеќе »

МВР Билтен

На 28. 04. 2024 во 15. 55 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода М. З. (34) од Куманово, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Од МВР денеска соопштија дека М. З. бил …

Повеќе »

Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд

Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме, соопшти УХМР. Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а …

Повеќе »

Членството на Полска во ЕУ за 20 години донесе повеќе од 160 милијарди евра

По влезот во Европската унија на 1 мај 2004 година, Полска доби 245,5 милијарди евра од европските фондови, плати 83,7 милијарди евра, така што две децении членство и донесоа 161 6 милијарди евра нето, пресмета полското Министерство за финансии, пренесе Бета. Средствата од заедничката европска каса во тој период претставуваа …

Повеќе »

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија. Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во …

Повеќе »