Breaking News

МВР Билтен


На 28. 04. 2024 во 15. 55 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода М. З.


(34) од Куманово, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Од МВР денеска соопштија дека М. З.


бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 28. 04. 2024 во 22.

40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М. А.


(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 28. 04. 2024 во 14.

10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е. А. (20) од с.


Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 28. 04. 2024 во 14.

40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Т.


(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 28. 04. 2024 во 22.

15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С. Н.

(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 28. 04. 2024 во 23.

15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. Н. Б.

(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (29. 04. 2024) во 02.

00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје,  полициски службеници ја лишиле од слобода В. Ч.

(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28. 04.

2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, 40 мерки за брзо возење, четири за некористење на сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол.

. . На 28. 04. 2024 во 13. 40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосница со локалниот пат за с.

Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј. К. (31) од  с.

Бегниште, кавадаречко и патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Н. С. (44) од Ресен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а Н. С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.  На 28. 04. 2024 во 17. 10 часот во СВР Велес било пријавено дека во с. Богомила, општина Чашка, С. Ѓ.

(54) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. На 27. 04.

2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меџитлија при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода К. К.

(31) од Република Албанија, затоа што остварил илегален влез во Република Северна Македонија.  На 28. 04.

2024 бил известен судија од Основен суд Битола, по чија насока на лицето му е издадено решение за враќање и забрана за влез во РСМ во рок од две години, по што преку Граничниот премин Ќафасан е вратен во Република Албанија.

Денеска (29. 04. 2024) во 03. 30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го привеле Т. У.

(24) од РепубликаТурција, со престој во Скопје, поради сторен прекршок по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 28. 04. 2024 во 14. 00 часот во Полициската станица Центар, Т. К. (57) од Скопје пријавил дека на ул.

„Рилски конгрес“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 28. 04. 2024 во 14. 45 часот во Полициската станица Центар, И. Б. (38) од Скопје пријавил дека на ул.

„Периша Савелиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 28. 04. 2024  во 20. 35 часот во Полициската станица Карпош, С. К. (23) од Скопје пријавила дека на ул.

„Загребска“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА