Breaking News

Zoran Popov

Мицкоски: Во овој парламентарен состав и под овие услови уставни измени нема да има

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), Мицкоски рече дека за него тоа е затворена тема. -Тоа за мене е затворена …

Повеќе »

Комисијата за заразни болести предлага укинавање на сите задолжителни мерки за Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на …

Повеќе »

Спасовски-Нешиќ: Местото на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина е во ЕУ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на маргините на Европската регионална конференција на Интерпол денеска во Охрид имаше билтерална средба со неговиот босански колега, Ненад Нешиќ. На средбата било разговарано за предизвиците што ги ги тангираат Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и за Договорот со Агенцијата за …

Повеќе »

Кинескиот министер за надворешни работи на европска турнеја

 Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг од денеска до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка. Предвидени се средби на Ганг со германскат, француската и норвешката министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд. Други детали за средбите не се наведени. Посетата на Ганг на …

Повеќе »

На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар

На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски рече дека ги поддржуваат студентите и мотивираат практично да го применат своето теоретско знаење. – Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон …

Повеќе »

Зајкова: Треба да се регулира пристапот до апликации и игри кои промовираат насилство

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Вели дека ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра. – Ние сме сведоци на она што се …

Повеќе »

Во Албанија инфлацијата во април падна на 4,6 отсто 

Инфлацијата во Албанија покажува значителни знаци на забавување шести месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година, објави денеска државниот Институт за статистика, ИНСТАТ. Институтот наведува дека инфлацијата во април изнесува 4,6 отсто, наспроти 6,2 отсто истиот месец минатата година. Во март инфлацијата беше 5,3 отсто од 7,1 отсто колку …

Повеќе »

Триесет и седум отсто од децата не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 проценти се жртви на физичко насилство

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори …

Повеќе »

Спасовски – Шток: Република Северна Македонија е безбедна држава

– Република Северна Македонија е безбедна држава, нема индиции за нарушување, бидејќи случувањата во опкружувањето не можат да бидат прелеани кај нас од аспект на било какви терористички или криминални групи. Но, мора да се преземаат системски чекори, што ќе гарантираат правилен развој на општеството, истакна министерот за внатрешни работи …

Повеќе »

Ѓуровски: Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата, потребен е системски пристап

Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата. Потребен е системски пристап, смета професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир.  – Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме …

Повеќе »