Breaking News

Toni Ivanoski

Приходите во основниот буџет на Општина Зрновци за минатата година остварени со висока стапка од 96 отсто

Локалната самоуправа на Зрновци минатата година остварила висока стапка на реализација на вкупните приходи, при што собрани се близу 92 отсто од средствата неопходни за нормално тековно работење и за комплетирање на почнатите проекти. Иако е една од најмалите во државата, Општината успеа од планираните околу 49,5 милиони денари, на …

Повеќе »

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули. Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 …

Повеќе »

Набавени нови носии за машката играорна група од КУД „Јане Сандански” – Пехчево

Домот на културата „Јане Сандански” од Пехчево набави нова малешевска народна носија која ќе ја користат членовите на фолклорната група која настапува во склоп на установата. Директорката на КУД „Јане Сандански” – Пехчево, Валентина Веселинска истакна дека народните носии ќе бидат од огромна корист за негување на фолклорот и претставување …

Повеќе »

Програма за визуелни уметности во организација на Култарт (Cultart, Cultural Management Academy)

    На крајот на месец јануари 2023, во периодот од 19 до 26 во Виена, Австрија се одржа втората програмска сесија од културната Академија на тема визуелни уметности во организација на Култарт (Cultart), нова практична програма во културниот менаџмент иницирана да ги исполни празнините во академските образовни програми. Проектот …

Повеќе »

Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана Вучевиќ

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска го пречека на работна средба потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, кој е во работна посета на Република Северна Македонија. За време на средбата беше разговарано за унапредување на соработката во доменот на одбраната, …

Повеќе »

Работен состанок на СКСЗМ со вицепремиерот Битиќи

Енергетиката, работната сила, градежништвото, царината и нелојалната конкуренција, беа само дел од темите на денешниот работен состанок на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. На состанокот кој се одржа во Комората, стана збор и за стопанствениците оштетени од поплавите во 2016 …

Повеќе »

Битиќи – Казуја: Има голем потенцијал за унапредување на економската соработка

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја. На средбата беше нагласено дека билатералните односи помеѓу двете земји се на завидно ниво, како и дека постои голем потенцијал за унапредување на економската соработка. Амбасадорот Казуја се согласи дека со влезот на земјата во …

Повеќе »

Ново истражување на Visa: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги

Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време. Без разлика дали се работи за интеракција, едукација, транспорт или забава, дигиталните услуги, апликациите и платформите се дел од нашите животи. …

Повеќе »

Новите технологии наметнуваат интердисциплинарна настава велат професорите, младите инженери и студентите

„Најголем предизвик во студиските програми се новите технологии. Токму затоа и секој универзитет во државата мора да се стреми кон пофокусирани студиски програми, каде што до израз ќе дојде интердисциплинарноста, знаењата што ги стекнуваат младите да бидат во повеќе дисциплини и да им понудиме базични знаења коишто ќе ги искористат …

Повеќе »

Милков: Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје за годишнината од раѓањето на Делчев

Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до Скопје со барање да се гарантира безбедноста на Бугарите кои на 4 февруари ќе отпатуваат во Северна Македонија за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави денеска шефот на бугарската дипломатија Николај Милков. – Клучно во моментов е да …

Повеќе »