Breaking News

Набавени нови носии за машката играорна група од КУД „Јане Сандански” – Пехчево


Домот на културата „Јане Сандански” од Пехчево набави нова малешевска народна носија која ќе ја користат членовите на фолклорната група која настапува во склоп на установата.


Директорката на КУД „Јане Сандански” – Пехчево, Валентина Веселинска истакна дека народните носии ќе бидат од огромна корист за негување на фолклорот и претставување на културно-уметничкото друштво на многубројните фестивали во земјава и странство.


– Набавени се вкупно 10 источни нашки носии за што изразуваме благодарност за соработката со Општина Пехчево и Никола Каракашов, како моден креатор, кореограф и соработник во негување на традицијата и фолклорот. Носиите ќе бидат од огромно значење за самите играорци во нивните идни настапи, рече Веселинска.

Со цел комплетирање на опремата за женскиот дел од групата, таа апелираше до сите вљубеници во фолклорот да се приклучат на иницијативата за поддршка на културно-уметничкото друштво. Таа потенцира дека КУД „Јане Сандански” – Пехчево е отворен за соработка со сите вљубеници во народните игри и песни кои сакаат да бидат дел од активностите на културно-уметничкото друштво.


– Воедно ги замолувам граганите кои имаат фути, (скутачи) и кои не им требаат да ги донесат во Домот на културата, за да може да ги комплетираме женските носии, додаде Веселинска.вс/фф/