Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи работна средба за заклучоците од надзорната расправа на тема „Примената на законските одредби на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени“.


Членовите на Законодавно-правната комисија ќе треба да ги разгледаат предлог-законите за вештачње, за зоотехника и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, сите во второ читање. мд/са/

Фото: МИА


Скопје, 6 април 2023 (МИА)