Американскиот претседател пристигна во посета на Израел


Американскиот претседател Џо Бајден денска пристигна во Израел во солидарна посета по нападите на Хамас кои доведоа до големи израелски одмазнички напади.


Авионот Air Force One слета во 11 часот (0800 GMT) на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.


Откако беше пречекан на аеродромот од премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог, Бајден се очекува да присуствува на состанокот на воениот кабинет на Израел. ссм/ .

Извор: МИА