Breaking News

Американскиот новинар Такер Карлсон во Москва, вели направил интервју со Путин


Поранешниот водител на Фокс њуз и десничарски коментатор Такер Карлсон синоќа соопшти дека добил ретко интервју со рускиот претседател Владимир Путин.


Тој дополни дека интервјуто ќе биде објавено на мрежата Икс, но не кажа кога. „Вечерва сме во Москва.


Тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин“, вели Карлсон во видеото објавено на социјалните мрежи.  „Очигледно, има ризици поврзани со спроведување на такво интервју.

Затоа, внимателно размислувавме за тоа во текот на многу месеци“. Why I’m interviewing Vladimir Putin. pic. twitter.


com/hqvXUZqvHX
— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) February 6, 2024Карлсон, кој е познат по запалива реторика и ширење теории на заговор, рече дека дел од неговата должност е „да ги информира луѓето“.

„Две години од почетокот на војната што го преобликува целиот свет, повеќето Американци не се информирани“, рече тој, обвинувајќи ги „корумпираните“ медиуми.


Карлсон беше отпуштен од неговата моќна позиција во Фокс њуз минатата година поради скандали и тужби со кои се соочува каналот поради неосновани тврдења за изборна измама.

Набргу потоа, тој започна свое шоу на социјалната платформа Х. ссм/  .


Извор: МИА