Американската морнарица собори 15 дронови во Црвено Море истрелани од Хутите


Американската морнарица утрово собори 15 беспилотни летала лансирани од јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).


 – Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.


. Соборените беспилотни летала, според ЦЕНТКОМ  претставувале „непосредна закана за трговскиот брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.

ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА