Breaking News

Албанската полиција спречи шверц на артефакти и икони


– Албанската полиција во близина на градот Рогожина, спречила шверц на артефакти и икони и уапсила две лица во чие возило биле откриени истите.


-Во рамки на акцијата „Икони“ во возилото во кое биле сега уапсените Пелумб Лека(53) и Емануел Чачо (56) полицијата откри и заплени 13 статуи и икони со различни големини и форми.


Во соработка со лице вработено како обезбедување во археолошките паркови обезбедувале статуи и икони, стои во полициското соопштение.

Украдените предмети, од археолошките паркови во Фиер, Ѓирокастро и Берат, ги продавале на странски државјани од Италија, Грција и Црна Гора, за вредност од 10. 000 до 20. 000 евра.


вт/Фото: албанска полиција .

Извор: МИА