Сунак се соочува со бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат


Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да пушат цигари.


Доколку се усвои законот за тутун и електронски цигари, би било прекршок да се продаваат тутунски производи на секој роден по 1 јануари 2009 година, јави „Скај њуз“.


Тоа значи дека оние кои сега имаат 15 или помалку години никогаш нема да можат легално да купат цигари. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА