Лондон ќе ја предводи коалицијата за снабдување на Украина со беспилотни летала


 Британските власти денеска објавија дека заедно со Латвија ќе ја предводат коалицијата на земји одговорни за организирање испорака на илјадници беспилотни летала во Украина, кои на земјата и се потребни во борбата против руската инвазија.


За време на посетата на Киев во јануари, британскиот премиер Риши Сунак најави зголемување на британската помош, вклучително и 200 милиони фунти (230 милиони евра) за обезбедување на илјадници воени беспилотни летала за украинската армија, пренесе Бета.


Таа помош ќе резултира со коалиција предводена од Лондон со Рига, рече министерот за одбрана Грант Шапс пред денешниот состанок со неговите колеги од НАТО во Брисел.

Во овој контекст, Велика Британија ќе организира производство на беспилотни летала „во голем обем и по пристапни цени“, најавија британските власти.


Целта е да се произведат ФВП (FVP) дронови кои се покажаа како многу ефикасни на терен.

Тие се опремени со комплети за виртуелна реалност, така што нивните „пилоти“ можат во живо да гледаат вистински слики од теренот, како да се директно во авионот.


-Ќе и ги дадеме на Украина потребните капацитети да се одбрани и да победи во оваа војна, за да се осигураме дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да успее во своите незаконски и варварски амбиции, рече Шапс.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА