Изложба на астрофотографија по повод 25 години Скопско астрономско друштво


Скопското астрономско друштво организара изложба на астрофотографија по повод 25 години постоење на друштвото.


Изложбата ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Кинотека на Македонија, а ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопското астрономско друштво направени на различни локации низ државата.


Целта, како што најавуваат организаторите, е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.


Влезот е бесплатен. „Скопско астрономско друштво“ е здружение на љубители на астрономијата, основано 1998 година во Скопје.

Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.


бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА