Државниот буџет е најсеопфатниот програмски документ, предложен од Владата, а дискутиран и усвоен од народните избраници.
Тој е приказ на сите политики, мерки и активности кои се спроведуваат од страна на државата во еден фискален период.
Како таков, буџетот заслужува големо внимание во јавноста, особено во време исполнето со предизвици и глобални економски кризи.
Во „новата реалност“, претставена низ поликризното глобално окружување, добрата стратегија и соодветниот план, ќе не направат поотпорни, а нашата економија поефективна. .
Извор: МИА