Breaking News

Османи ќе промовира специјална поштенска марка во знак на Претседавањето со ОБСЕ


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе ја промовира специјалната поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.


Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.


На промоцијата, како што соопшти МНР, ќе присуствува и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А. Д. Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази. дма/нд/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА