Зеленски на разговори во Романија за безбедносната соработка во регионот на Црното Море


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека пристигнал во Букурешт на разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис за безбедносната соработка во регионот на Црното Море.


„Ќе разговараме за понатамошна безбедносна соработка, развој на воздушни и други коалиции, зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, безбедносната архитектура на Црното Море и нашите односи со партнерите“, напиша Зеленски на платформата Икс.


„Романија е пријател кој ни дојде на помош во најтемниот момент и чија поддршка со текот на времето станува се посилна.

Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата наши народи“, додаде тој. Ова е прво патување на ЗеленскиРоманија откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.


Романското црноморско пристаниште Констанца беше главната алтернативна извозна рута на Киев за жито откако Русија се откажа од договорот во средината на јули, кој дозволуваше безбедни украински пратки преку Црното Море.

паг/Фото: ЕПА  .


Извор: МИА