Breaking News

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во близина на брегот на Јапонија, нема опасност од цунами


Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран денеска во близина на брегот на Јапонија.


Според Националната метеоролошка управа на земјата, епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан источно од северната префектура Аомори, на длабочина од 10 километри.


Нема информации за жртви или штети, а не е најавена опасност од цунами. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА