Breaking News

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.


01. 2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4. 5.


Како што соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

цр/Фото: МИА архива     .


Извор: МИА