Breaking News

Земјотрес од 4,7 степени според Рихтер ги погоди португалските Азорски острови


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска португалските Азорски острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.


Земјотресот, како што наведуваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, е регистриран на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА