Зеленски сакал да замине во „посета на солдарноста“ во Израел, порачано му е „дека не е вистинско време“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се понудил да замине во посета на солидарноста во Израел по нападот на Хамас, но му било кажано дека „не е вистинското време“ за таква посета, објавија денеска хебрејските медиуми.


„Тајмс оф Израел“ потсетува дека Зеленски силно го бранеше Израел по нападот, нагласувајќи дека Израел има неоспорно право да се брани од напади на, како што рече, палестинските терористи.


Израел, од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари минатата година, постојано ја изразува својата поддршка за оваа земја, но одбива да обезбеди воена помош, што предизвика дипломатски тензии меѓу Киев и Тел Авив.

сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА